Димитриевски со убедливо водство, Стојковски e втор
Кандидатот за градоначалник на Куманово од Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, освои 16.183 гласови или 37,89 отсто од вкупниот број на запишани гласачи во Куманово на Локалните избори.

Според официјалните податоци на ДИК, од пребројаните 98.80 гласови, втор на листата е Горан Стојковски Диро со 5.946 гласови во тесно водство пред Селвер Ајдини од ДУИ, кој има 5.905 гласа и Мартин Костовски од СДСМ со 5.793 гласа.
Потоа селдуваат Арбен Атеми од ВЛЕН освои 3.851 глас, Мирослав Петковиќ од Левица 2.160 гласа и Виолета Арсовска 423 гласа.
И на советничката листа ЗНАМ доби најголема поддршка од граѓаните со 8.324 гласа, потоа следува ВМРО-ДПМНЕ со 7.477 гласови, ДУИ 5.780 гласови, коалицијата на СДСМ 4.629 гласа, колаиција ВЛЕН 4.023, ДПСМ 3.603 гласа, незавивисна листа Иван Петковски 3.324, Левица 1.981 гласови, Искуство за успех 301, коалиција Зелени 252, група избирачи Месут Бајрами 943, Македонска трета ера 84, МААК 46, Единствена Македонија 72.
Во Куманово се гласа на 164 избирачки места, а право на глас имаат 93.889 гласачи. Излезноста до 18.30 часот беше 45,76 отсто.