×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Димитриевски: Во недела масовно излезете и гласајте за континуитет

    31.10.2025 16:47 | KumanovoNews

    Кандидатот за градоначалник на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска ги повика граѓаните масовно да излезат на  изборите во недела, и да го направат вистинскиот избор, Куманово да продолжи да се развива и да се гради. 

    Димитриевски: Во недела масовно излезете и гласајте за континуитет

    „Куманово заслужува континуитет, a не заслужува импровизација. Одам во текот на кампањата во селата, ми велат работиш во градот. Одам во градот, ми велат работиш во селата. Одам кај моите Албанци, ми велат работиш кај Македонците. Одам кај моите Македонци и Срби, велат работиш само кај Албанците. Но едно е јасно, сите велат дека работам, а јас имам намера, заедно со вас, да продолжам да работам“, кажа Димитриевски.

    Тој одаде дека во изминатите осум години, реализирал над 800 проекти и доколку ја добие подршка во недела, ќе продолжи тој број двојно да се зголеми.

    „Има проблеми во градот, ги имало. Моја работа ќе биде да го намалам тој број. Затоа, ве повикувам, излезете во недела масовно, дајте ја вашата подршка за бројот два, за мене, за вашиот градоначалник Максим Димитриевски“, нагласи тој.