Директорката на Кумановската болница позитивна на коронавирус
03.07.2020 07:35
| KumanovoNews
Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева е позитивна ка вирусот ковид-19. Таа информцијата ја објави на својата Фејсбук страна.

„Како за добро утро, позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома. Пет месеци работа-дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се“, напиша Захариева.
Таа тестот го направила вчера напладне во МАНУ и резултатот брзо стигнал.
Во Кумановската болница од почетокот на кризата беа заболени повеќе од сто здравствени работници, а голем дел беа во изолација.