×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Снежана Захариева избрана во Извршниот одбор на СДСМ

    28.12.2021 07:20 | Сузана Николиќ

    Директорката на Општата болница Куманово, Снежана Захариева е член на новиот Извршен одбор на СДСМ. Со тоа Куманово има свој претставник во највисокото раководство на партијата.

    Снежана Захариева избрана во Извршниот одбор на СДСМ

    Захариева е доктор анестазиолог и 4 години е на чело на најголемата регионална јавна здравствена установа. Од политичките функции беше претседателка на општинската организација на СДСМ Куманово и советник во Советот на Општина Куманово. 

    На вчерашната седница на СДСМ беше избрано ново раковоство на партијата и тоа нови претседатели, членови на Извршен одбор и Централен одбор на СДСМ, како и секретари на партијата.

    Централниот одбор му даде поддршка на лидерот Димитар Ковачевски да биде мандатар на новата Влада. Ковачевски кажа дека прва цел на новото раководство на партијата ќе биде да се состави нова Влада, која ќе биде избрана до средината на јануари.

    „За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната Влада. Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работам за да ја оправдам довербата. СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отворена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, вели Ковачевски.

    Нови потпретседатели на партијата од денес се Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадинова Стојчевска и Фатмир Битиќи кој и досега беше на оваа позиција продолжува во уште еден мандат. Нов генерален секретар партијата е Миле Зечевиќ, а нов организациски секретар е Вангел Андрески.

    Во Извршниот одбор се: Ана Данева Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајоска, Мелиса Ценовска Серафимовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски и Никола Рилак.