×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Директорот на Центарот за култура за април и мај ќе земе плата по 14.500 денари, остатокот ќе го донира

    29.04.2020 09:10 | KumanovoNews

    Директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски, одлучи за април и мај да земе плата од 14.500 денари, а останатите средства да ги уплати на сметката Фондот за борба против епидемијата од вирусот КОВИД- 19.

    Директорот на Центарот за култура за април и мај ќе земе плата по 14.500 денари, остатокот ќе го донира

     Тој одлука ја објави синоќа на својот фејсбук.

    - Како директор, без разлика на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во Фондот за борба против епидемијата од вирусот КОВИД-19, - напиша директорот Тодоровски.

     Тој вели дека сака средствата да завршат на вистинското место и да им се помогне на оние на кои им е најнеопходна. Тој аплеира до сите останати функционери да го сторат истото и да бидат сите солидарни во овој исклучително тежок период во државата.  

    Уставниот суд вчера одлучи да поведе постапка за испитување на уставноста за исплата на  минимална плата од 14.500 денари  на сите судии и обвинители, пратениците, советници во општините, директори и други раководни лица, само за април и мај, како една од мерките за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

    Уредбата на владата, која засега 2.060 функционери, е времено стопирана до конечната одлука на Уставниот суд.