Директорот на „Шумско„ незаконски продавал дрва
В.С.(63) директор на Шумско стопанство подружница Куманово, лани незаконски продавал дрва, кои поголем дел не биле платени.

Директорот во текот на 2013 година ја злоупотребил службената положба, така што од приходната сметка на Подружница Шумско стопанство Куманово незаконски на седум фирми за промет на производи и стоки им исплатил 286.781 денари. Потоа незаконски склучил договор со една скопска фирма за продажба на 400 метри кубни дрва. Од таа количина им испорачал 84,7 метри кубни огревни дрва, со вредност од 286.845 денари и од нив повеќе од половина не биле исплатени. Со ваквото работење В.С. го оштетил Шумско стопанство за скоро половина милион денари.
Против него е поднесена кривична пријава за сторени две кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување.