×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дива депонија се создава на Даштев рид

    19.07.2020 09:17 | KumanovoNews

     Тракторски гуми, казанчиња од ве-це шољи, обувки, мебел, гардероба, цигли е само дел од отпадот којшто граѓаните го фрлаат на локацијата Даштев рид, под градските гробишта, во населбата „Гоце Делчев“ во Куманово.

    Дива депонија се создава на Даштев рид

     Младите луѓе коишто ни ги испратија фотографиите, велат дека ридот којшто со години го посетувале станал дива депонија. Тие бараат од надлежните институции да го спречат создавањето на депонијата или пак да се најде начин за да се исчисти истата.

    „Ние честопати рекреативно го посетуваме ова место, бидејќи од ридот се гледа речиси целиот град. Последниот пат кога го посетивме, глетката беше запрепастувачка. Насекаде имаше расрфрлано тракторски гуми, мебел, казанчиња за ве-це шолји, буквално како некој да дошол и да си исфрлил се` што сака, во самиот центар на градот.  Ние колку што можевме да исчистиме, исчистивме, меѓутоа потребни се повеќе луѓе, се надевам дека некој ќе сака да се приклучи на акција за чистење на ова место. Неколку години наназад ние од овде имаме собирано ѓубре во вид на шишиња или лименки, но ова веќе е новоформирана депонија“, вели Сара Александровска, млада девојка која вели дека во нејзиното детство ова место било сосема чисто.

    Од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ велат дека најпрво треба да се пријави случајот кај нив, а потоа тие да разгледаат, согласно нивните капацитети, дали ќе можат да интервенираат во расчистување на депонијата.

    „ЈП „Чистота и зеленило“ има надлежност за собирање и депонирање на смет, но за расчистување на дивите депонии. Но, кога ќе имаме пријава дека се создадени диви депонии, излегуваме во пресрет на граѓаните и ги расчистуваме. Најпрво треба да се пријави кај нас,  да направиме увид на лице место и според нашите можности, како и механизацијата што ја имаме да расчистиме. Ако имаме простор и можност ги решаваме тие помали диви депонии. Но, за поголемите диви депонии ние немаме ниту надлежност за расчитување, а ниту пак имаме механизација за такво нешто“ вели директорката на претпријатието Цветанка Ивановска.

    Ова не е прв случај да се создаваат диви депонии на секое слободно место околу градот. Претходно граѓаните ни испратија слики и за формирање на нова депонија кај Живкова карпа, а граѓаните апелираа и дека сопствениците на култиватори исфрлаат ѓубре и во населбата „Перо Чичо“ и на Пчински пат.

    (Ф.Марковска)