Дизелот поскапува за 2,5 денари, бензините остануваат со исти цени
08.06.2022 17:10
| Сузана Николиќ
Oд ноќеска на полноќ дизелот ќе се продава за 2,5 денара по литар, а екстра-лесното масло за домаќинство ќе поскапи за 3 денара по литар.

Малопродажната цена на дизелот од утре ќе изнесува рекордни 104,5 денари.
Цените на бензините остануваат исти, односно Еуросупер 98 ќе се продава по 112 денари за литар, а Еуросупер 95 за 110 денари по литар.
Иста останува и цената на мазутот 55,5 денари, додека цената на екстра лесното масло се зголемува за 3 денари и ќе изнесува 102,5 денари по литар.