Дизелот поскапува за 3 денари, цената на бензините непроменета
10.03.2022 20:48
| Сузана Николиќ
Регулаторната комисија за енергетика вечерва објави одлука со која се зголемува цената на дизел горивото. Бензините остануваат со иста цена.

Од полноќ, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ, се зголемува за 3,00 денари/литар, и со тоа ќе изнесува 97,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство, се зголемува за 2,50 денари/литар, и изнесува 92,50 ден/лит.
Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС-95 останува со цена 93,00 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 со цена 95,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 1,404 денар/килограм, и изнесува 60,569 ден/кг.