ДКСК: Спасовски нема финансиска поврзаност со бензинската пумпа во Куманово
Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен премиер, Оливер Спасовски, нема судир на интереси ниту пак финансиска поврзаност со отворање на бензинска пумпа и станица за технички преглед во Куманово.

Државната комисија за спречување на корупција одлуката ја донесе едногласно на денешната седница , а постапуваше по барање на Спасовски да се разгледа неговата имотна состојба, по пишувањето во одредени медиуми.
„Утврдивме дека поранешниот министер нема никаква поврзаност со сопственичката структура на бензинската, што на негово барање се постапува и во однос на неговата имотна состојба. Што се однесува на судирот на интереси помеѓу советникот на министерот и еден од сопствениците на бензинската пумпа констатиравме дека целата постапка е спроведена според законот за возила и испочитувани се сите процедури во МВР, а наводите не се потврдени“, објавија од Комисијата.