До 17 часот гласале 36,55 отсто граѓани во Куманово
15.07.2020 16:02
| KumanovoNews
Во Куманово до 17 часот на гласање излегле 36,55 гласачи, соопштуваат од Државната изборна комисија (ДИК).

Според претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Драган Јовановски, гласањето се одвива непречено и без проблеми, со почитување на сите протоколи коишто ги препорача Комисијата за заразни болести.
Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас има 92.167 граѓани.
На ниво на државата до 17 часот гласале 38,78 отсто од вкупниот број гласачи во Избирачкиот список. Најголема излезност има во третата изборна единица, а најмала во шестата.