До крајот на годината се очекува да заврши изградбата на пругата Куманово-Бељаковце
До крајот на годината, надлежните очекуваат дека ќе се заврши изградбата на железничката пруга од Куманово до Бељаковцe, со што ќе заврши првиот дел од делницата на кордорот 8 од Куманово до Република Бугарија.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески неодамна изјави дека овој проект е од особена важност за државата и затоа оваа година ќе продолжат со поинтензивна работа на терен.
- Оваа година очекувам многу силно темпо за изградба и до крај на годината конечно да го завршиме делот од Куманово – Бељаковце. Исто така знаете дека во овој момент тече тендерската постапка за изградба на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка. 15 компании се влезени во тендерската постапка и заедно со ЕБОР се работи на евалуација на понудите. До крај на годината очекуваме да се избере изведувач и да отпочнеме со работа на терен ,- вели министерот Сугаревски.
Исто така, тој информираше и дека се одобрени 2,7 милиони евра за изградба на заедничка желеничка станица на Табановце со Република Србија, преку Фондот за финансирање на проекти за Западен Балкан.