До крајот на месецот топол бран со локална нестабилност
23.06.2017 11:08
| KumanovoNews
Под влијание на многу топла воздушна маса до крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури на воздухот, кои насекаде ќе надминуваат над 30, а долж Повардарието и 35 степени.

Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.
До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи, а не е исклучено овие процеси на места да бидат и поинтензивни.
Услови за нестабилност ќе има и во Скопската котлина, особено во понеделник.