Мени

Доаѓа нов топлотен бран

31.07.2017 08:20 | KumanovoNews

Следува период на претежно сончево и многу топло време. Утре во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност, а во западните делови и услови за краткотраен дожд со ретки грмежи, - информира УХМР Македонија.

Доаѓа нов топлотен бран

До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени). Уште потопло ќе биде во втората половина од наредната седмица кога на места максималната температура се очекува да го надмине и 40-тиот степен.