Додека бегал да не му го оштетат возилото направил сообраќајка
14.11.2022 21:03
| KumanovoNews
Б.Ш. (20) од Куманово пријавил дека ноќеска околу 01.20 часот на улица „Карл Маркс“ во Куманово, додека бил во неговото возило „фолксваген голф“, неколку лица со тврди предмети му го оштетиле возилото.

Во обид да избега предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.