Додека се враќала од училиште ја нападнал соученик
23.04.2024 21:44
| KumanovoNews
Малолетничка од Куманово синоќа била нападната со остар предмет од нејзин соученик.

„Во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.