Дојава за бомба во канцеларија на кабелски оператор во Кратово
28.02.2024 15:25
| KumanovoNews
Вработена во кабелски оператор во Кратово утринава преку смс порака добила закана за поставена експлозивна направа во службените простории.

„На 28 февруари, околу 10.35 во СВР Куманово, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку смс порака добиле закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава“, соопштуваат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.