Алфи Техноцентар слави 13. роденден - попусти и изненадувања за посетителите
Алфи Техноцентар Куманово, својот 13. роденден ќе го прослави со голем хепениг на кој посетителите ќе уживаат во целодневен шопинг со клуб попусти до - 70 отсто на целиот асортиман.

"Дојди на роденденската забава" е овогодишно мото со кое манаџментот на компанијата за граѓаните организира целодневна забава и шопинг по неодоливо ниски цени, роденденски клуб попусти на над 50.000 производи. Роденденската забава е во петок на 11.11. 2022, а попустите ќе важат и во Алфи Техноцентар во Скопје.
„Ги покануваме граѓаните да ни се придружат и заедно да го прославиме 13-тиот роденден на Алфи Техноцентар Куманово, а воедно и да уживаат во целодневна забава со добро познатиот ,,Силви Бенд", и добар шопинг на огромниот асортиман на производи за сечиј вкус со роденденски клуб попусти до -70%. Забавата започнува во петок (11.11. 2022) со почеток во 08.30 часот па се до 21 часот, а истовремено ќе важи и во нашиот Алфи Техноцентар во Скопје. На огромно задоволство на граѓаните акцијата ќе ја продолжиме до вторник (15.11.2022) секој работен ден од 08:30 до 21 часот. Ве очекуваме во нашите продажни салони во Куманово и Скопје“, изјави Анета Ангеловска, маркетинг менаџер во Алфи Техноцентар.
По повод родендентот, минатата недела беше одбележан и јубилејниот настан -30 години успешно постоење на Алфи Би Компани каде беа доделени и признанија на вработените кои изминативе години успешно ја градат својата кариера.
Дојдете на роденденска забава и бидете и вие дел од ова неодоливо шопинг искуство со многу музика, балони и роденденски клуб цени! Побрзајте, посетете ги продажните салони на Алфи Техноцентар.


