×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Документарецот „Медена земја“ во Куманово

    01.10.2019 06:40 | KumanovoNews

    Документарниот филм „Медена земја“, кој е овогодишен македонски кандидат за „Оскар“ и во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, во четврток, ќе започне со прикажување во Кино „Козјак“ во Куманово.

    Документарецот „Медена земја“ во Куманово

    Филмот во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, доби неверојатна популарност, бидејќи носи здрава порака, во време на искомерцијализираното општество.

    Дејството во „Медена земја“ е сместено во напуштено село Бекрилија во Македонија, каде жена на 50 годишна возраст, собира мед на традиционален начин за да се прехрани, но секогаш несебична е кон пчелите. „Половина за нив, половина за мене“, вели Хатиџе.

    Хатиџе е херојот на денешното време, која ни покажува дека единственото нешто кое на човекот му е потребно е токму љубовта, која таа ја има изобилство. Нејзината несебичност, и нејзината поврзаност со природата „му ги отвораат очите на светот“, дека доколку не ја чуваме природата таа ќе ни возрати на ист начин. Љубовта е можна само доколку е взаемна. Ние станавме уништувачи, на нешто кое ни дарува живот.

    „Медена земја“ е вистинско ремек дело, кое кога ќе го гледа, човекот има чувство како да е снимано со невидлива камера, се` во филмот е прикажано целосно природно, - оценуваат критичарите.

    Документарецот „Медена земја“, минатиот петок започна да се прикажува низ Македонија, меѓу кои градовите: Скопје, Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Свети Николе и Охрид.

    Филмот ќе се прикажува се додека има интерес кај публиката.

    Кaрти секoј ден oд 9 дo 12 чaсот и oд 18 дo 20 часот нa билетaрaтa нa МКЦ Кoзјaк. Ценa 100 денари.