×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Донесени законите за линеарно зголемување на пензиите и ваучери за студентите

    25.07.2025 17:40 | KumanovoNews

    Собранието ги донесе двата закони со кои се овозможува линеарно зголемување на пензиите и ваучери набавка на електронски уреди за студентите.

     

    Донесени законите за линеарно зголемување на пензиите и ваучери за студентите

    „Она што е важно да се каже е дека вчера поминаа два важни закони; едниот Закон е линеарното зголемување на пензиите, она што пенизонерите го бараа.  Тие бараа фер, правично, линеарно зголемувње и со овие нови 2.000 денари линеарно зголемување,  ако се додадат и оние претходните 5.000 денари, тогаш за 18 месеци имаме линеарно зголемување на пензиите за 7.000 денари. Ако се спореди ова зголемување со зголемувањата во минатото тогаш доаѓаме до заклучок дека неколкукратно се зголемени пензиите за пензионерите“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

    Тој се осврна и на ваучерите за студентите кои се овозможуваат со одлуката донесена вчера во Собранието.

    „Вториот закон е за студентите на сите универзитети во државата и редовни и вондредни, ќе се стекнат со право да добијат ваучер, вредносен бон во вредност од 15.000 денари кој што ќе го искористат за набавка на електронски уреди кои што понатаму ќе им послужат на нив во текот на студирањето“, заклучи премиерот.