Мени

Дополнителни количини на дезинфекциски средства, побара Општинскиот кризен штаб

27.03.2020 14:33 | KumanovoNews

Дополнителни количини на дезинфекциони средства, натриум хиперхлоид и дезинтал, побара Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешниот состанок, во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус).

Дополнителни количини на дезинфекциски средства, побара Општинскиот кризен штаб

На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

- Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово

- Повторно се бара од Министерство за здраство и Комисија за здравство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово и ЈЗУ Општа Болница, со зголемување на бројот со стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово.