Драгица Спасиќ нова директорка на ОУ „11 Октомври“
11.09.2023 09:07
| KumanovoNews
Драгица Спасиќ е изберена за директорка во Општинското основно училиште „11 Октомври“ во Куманово.

Таа на функцијата стапува од денеска, а доаѓа на местото на досегашната директорка Елизабета Костиќ на која и заврши вториот мандат.
Спасиќ е дипломиран професор по одделенска настава на Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје, и досега работеше во ООУ „Крсте Мисирков“.