Драмско студио за деца и младинци во Центарот за култура во Куманово
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе започне со работа драмско студио, наменето за деца и младинци од 13 до 19 години.

Како што информираат надлежните од Центарот за култура, драмското студио ќе биде под раководство на режисерката Драгана Гунин, а по одреден број на реализирани часови, кога младите актери ќе бидат спремни ќе имаат и своја претстава која ќе биде прикажана во Театар Куманово.
- Ние се надеваме дека ќе се пријават поголем број на деца и ќе можеме да формираме група. Режисерката Драгана Гунин има свои претстави и во нашиот театар, но и во театарот во Скопје, таа ќе им помогне на младите таленти кои сакаат во иднина да се занимаваат со актерство. Ги повикуваме сите млади на возраст од 13 до 19 години да се пријават,- вели Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Заинтересирани млади можат да се пријават во НУЦК „Трајко Прокопиев“, секој работен ден од 8:30 часот, па се` до 16:30.
Драмското студио ќе се финансира од членовите .