Дрекслмајер отвори фабрика во близина на Куманово
Почна со работа производниот капацитет на Дрекслмајер во Куманово. Ова е втор производен капацитет во земјава на компанијата од автомобилската индустрија.

Во моментов во фабриката во кумановскиот регион работат над седумстотини соодветно обучени кадри, а бројот на вработени и понатаму ќе се зголемува. Вработените се нашиот најголем капитал и секогаш се во фокусот на нашето внимание“ велат од компанијата за МИА.
DRÄXLMAIER Group во земјата е присутен од август 2012 година со отворањето на првата фабрика во Кавадарци, остварува соработка со над седумстотини домашни компании.
Од компанијата велат дека се лидери во премиум автомобилскиот сегмент и дел од листата на Топ 100 добавувачи во светската автомобилска индустрија.
Компанијата има 60 фабрики во светот.