Државна изложба на расни кучиња викендов во Куманово
14.09.2021 07:02
| Сузана Николиќ
На спортските терени на Градскиот кеј во Куманово, во сабота и недела ќе се одржи Државна изложба на расни кучиња.

Организатори на изложбата се Кинолошко друштво "Кинолог" од Куманово во соработка со Бултериер клуб и Македонски клуб на пудли.
Сите информации за учество на изложбата заинтересираните можат да ги добијат на телефон: 078 208 043 и 071 291 407.