Мени

Државна изложба на расни кучиња во Куманово

09.09.2022 13:04 | Сузана Николиќ

На спортските терени на Градскиот кеј, наредниот викенд (на 17 и 18 септември) со почеток од 10 часот ќе се одржи кинолошки викенд - државни изложби на расни кучиња и специјализирана клубска изложба за кавкаски овчар во Куманово.

Државна изложба на расни кучиња во Куманово

„На изложбата кучињата ке бидат оценувани од реномирани судии од Србија и Македонија. Најавени се учесници од повеќе балкански и европски држави. Сите учесници ке добијат пригодни награди“, соопштуваат организаторите. 

Организатори на изложбите се Кинолошко друштво „Кинолог“ од Куманово во соработка со Македонски клуб на Кавкаски овчар.