×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Државната администрација ќе добива цела плата за боледување и изолација од Ковид-19

    04.11.2020 09:58 | KumanovoNews

    Отсуството од работа на заразените лица со ковид-19 и на оние кои добиле решенија за изолација, а се вработени во министерствата и државните органи, ќе им биде платено боледување на иста сума колку што изнесува основицата на нивната плата, - одлучи Владата на синоќешната седница.

    Државната администрација ќе добива цела плата за боледување и изолација од Ковид-19

    - На седницата беше разгледана Информацијата во врска сo регулирање на боледување на вработени лица заболени од ковид-19 како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза, врз основа на која беше донесен заклучок министерствата и органите на државната управа при регулирање на регулирање на овие прашања на вработените лица кои имаат симптоми или се заболени од ковид- 19 и на лица кои се во изолација заради спречување на ширење на заразата, но се асимптоматични, а за кои е констатирано  дека се заболени од КОВИД-19, задолжително да побараат ИСР образец, односно боледување  согласно кој висината на надоместокот на плата за привремена спреченост за работа поради КОВИД-19 да изнесува 100 % од основицата за надоместок на плата, - соопшти Владата.