×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Државните и локални органи да ги ослободат вработените прeд почетокот на полицискиот час во Куманово, реши Владата

    04.04.2020 18:57 | KumanovoNews

     Владата ги задолжи сите државни и локални институции од понеделник да ги ослободат порано вработените кои живеат на подрчјето на Куманово за да стигнат дома пред да започне полицискиот час. 

    Државните и локални органи да ги ослободат вработените прeд почетокот на полицискиот час во Куманово, реши Владата

    На приватните фирми им се препорачува да го прилагодат работното време и да овозможат работниците пред 16 часот бидат во своите домови.

    - Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица кои работат во овие институции и фирми, а кои живеат на подрачјето на општина Куманово, да завршат со своите работни задачи и активности и да бидат ослободени за враќање во своите домови во периодот од 14.30 часот до 15.00 часот, со цел пред почетокот на забраната за движење на подрачјето на општина Куманово, односно пред 16.00 часот да можат да бидат во своите домови, - стои во соопштението.

    Голем број на кумановци работат во Скопје и околните градови и ќе им треба повеќе време додека да стигнат дома.