Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Деветмина сопственици на автомобили, синоќа пријавиле дека им се оштетени гумите на нивните возила додека биле паркирани на три улици во градот.
„Во 20.30 и 20.40 часот во СВР Куманово двајца граѓани пријавиле дека на ул.„Иго Тричковиќ“ во Куманово биле оштетени гумите од нивните возила кои биле паркирани на улицата. Исто така, во периодот од 20.05 до 20.35 часот во СВР Куманово, седум граѓани пријавиле дека биле оштетени гумите од нивните возила паркирани на ул.„Народна Револуција“ и на ул.„Перо Шварц“, соопштува МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
(фото. архива)