Душица Сеизовска-Јовановиќ избрана за член на УО и директорка за правни работи во ЕСМ
Душица Сеизовска - Јовановиќ, дипломиран правник од Куманово е избрана за член на Управен одбор и директор за правни и општи работи на државната енергетска компанија која е најголем произведувач на електрична енергија во земјата, АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

Новата директорка е именувана на една од последните владини седници, а на функцијата стапи овој месец.
„Голем професионален предизвик, но и обврска да бидам дел од една ваква голема компанија. Новото работно место нуди нови можности и подготвена сум да го дадам својот максимум за доброто на колективот и граѓаните“, изјави Сеизовска-Јовановиќ.
Сеизовска-Јовановиќ е дипломиран правник со положен правосуден испит, досега работеше како советник на директорот за правни работи во ЈП Пазаришта, а предходно и во АД Телеком.