Духовна академија „Свети Климент“ вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово
07.12.2022 15:40
| Оливера Пешевска
Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи духовна академија „Свети Климент Охридски“ со што ќе се одбележи утрешниот празник и патронатот на Македонската православна црква Охридска Архиепископија.
„На свеченото отворање ќе има прикладен говор, по што ќе настапи црковниот хор „Св Николај“ од Свети Николе и оркестарот „Симфониум“ на СОУ Гимназија Гоце Делчев. Ќе биде прикажана и видео презентација за ликот и делото на „Свети Климент Охридски“ и ќе се одржи културно - уметничка програма“, изјави Марио Арангеловски, в.д. директор на Фондацијата за спорт и култура.
Организатор на настанот е Општина Куманово. Влезот е слободен за сите заинтересирани.

