×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проблеми со греењето во „Наим Фрашери“ и „Вук Караџиќ“, директорите тврдат дека денеска ќе се отстранат

    25.01.2024 12:42 | Оливера Пешевска

    Двете основни училишта „Наим Фрашери“ и „Вук Караџиќ“ во Куманово останаа без парно греење, затоа што нема доволни количини на нафта за затоплување на училишните згради. Наставата во двете училишта вчера се изведувала со скратени часови.

    Проблеми со греењето во „Наим Фрашери“ и „Вук Караџиќ“, директорите тврдат дека денеска ќе се отстранат

    „Во понеделникот кога децата се вратија од распуст беше слабо затоплени, но тоа го припишавме на тоа што долго не се греело. Исто беше и во вторник и вчера. Има најава дека денеска ќе стигне нафтата, но првата смена учи во ладни училници“, вели родител од од ОУ „Наим Фрешери“

    Директорите на двете училишта тврдат дека неколку фактори се причина на немањето гориво, зимскиот распуст и талогот на дното на резервоарот, кој ја ограничува употребата на одредена количина на нафта.

    „Имавме мала резерва, која во понеделникот беше дополнета со 1 тон масло за горење и првите два дена наставата се одвиваше редовно. Во текот на вчерашниот ден се јави недостаток на нафта, посебно во попладневната смена. Но, донесовме електрични грејни тела во училниците“ , истакна Мухамет Зеќири, директор на „Наим Фрашери“.

     За проблемот биле информирани во Сектор за образование во Општина Куманово и Министерството за образование и наука. Со заеднични напори се обезбедени 3 тони масло за горење, количина доволна за наредните 10-тина дена. Уште од денеска се прават напори за навремено да се обезбеди следната пратка.

    „Незагревањето на училниците за време на зимскиот распуст, екстремно ниските температури во првите два дена од второто полугодие несомнено дека се почуствуваа, но направивме напори, бевме упорни со колегата Зеќири и ја надминавме ситуацијата, која патем речено не очекуваме да се повтори“,  потенцира Ивица Ѓерорѓиевски, директор на „Вук Караџиќ“.

    Редовна практика е залихата со енергенс за загревање да се дополнува два пати месечно, затоа што и добавувачот кој победил на тендерот нема големи залихи од него. Во понеделникот било договорно количините да се поделат на повеќе образовни објекти во општината, но и други градови за да никој не биде исклучен од наставниот процес.

    Добавувач на масло за горење на двете училишта е фирмата „Пуцко Петрол“.