×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Два кружни тека ќе се градат во 2021 година во Куманово

    29.12.2020 14:46 | KumanovoNews

    Општина Куманово планира наредната година да изгради два кружни тека. Едниот на раскрницата на улиците Октомвриска револуција и Трета МУБ, а вториот на улиците Бајрам Шабани и Гоце Делчев.

    Два кружни тека ќе се градат во 2021 година во Куманово

    - Точно е дека во 2021 година имаме предвидено два капитални објекти, и тоа е крстосница помеѓу Трета МУБ и Октомвриска револуција, којашто треба согласно со урбанистички проект за инфраструктурни објекти, да биде пренаменета во кружен тек. Проектната документација се изготвува и е во завршна фаза. Исто така постои проектна документација за реконструкција на улиците од крстосница Бајрам Шабани, Гоце Делчев, Доне Божинов и Октомвриска револуција, - рече на денешната седница, Лидија Ланг Спасовска, од Секторот за комунални дејности во Куманово.

    Во рамките на овие проекти предвидено е проширување на коловозните ленти и реконструкцијата на тротоарите, коишто за жал се многу оштетени од старите дрвја и граѓаните не можат слободно да се движат.

    Градоначалникот  Максим Димитриевски, смета дека со вакво решавање на сообраќајот семафорите ќе станат историја.

    - Општина Куманово има четири битни точки во делот на намалување на сообракајниот метеж. Едната е кружниот тек, тоа е крстосницата Трета МУБ и Бајрам Шабани и Гоце Делчев. Втората е Октомвриска револуција и Трета МУБ. Третата е Октомвриска револуција- Гоце Делчев, четвратата е Трета МУБ- Тоде Мендол и Христијан Карпош, и петтата е таа што ја реализиравме, на влезот во градот. Ние мораме овие проблеми да ги решаваме етапно, и во овој буџет се предвидени решенија на две раскрсници, со воведување на модерен начин на движење во сообракајот,-  изјави Димитириевски.

    За изградба на двата кружни тека Општиината предвиела 51.500.000 денари или 830 илјади евра. За  Кружниот тек на Октомвриска револуција и Трета МУБ ќе чини 36.500.000 денари, а кружен тек Бајрам Шабани и Трета МУБ, 15 милиони денари.

    Предлог програмата за развој на Општина Куманово за 2021 година, денес беше изгласана со 18 гласа за, 9 против и ниту еден воздржан.

    (Ф.М.)