×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Два нови случаи на коронавирус во Куманово, 28 во државата

    22.04.2020 13:03 | KumanovoNews

    Во Куманово во изминатите 24 часа регистрирани се само двајца заболени од коронавирус во Куманово.

    Два нови случаи на коронавирус во Куманово, 28 во државата

    Нови 28 пациенти позитивни на КОВИД-19 се регистрирани денеска, а излекувани 48. Почина еден пациент, 51-годишен скопјанец кој во болницата „8 Септември“ бил примен  на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина, соопшти Министерството за здравство. Во изминатото деноноќие направени се 660 теста.

    Новите 28 случаи на КОВИД-19 се од Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1. Од излекуваните пациенти 6 се од болничко лекување, а 42 се лекувале во домашни услови.

    Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на коронавирус. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.

    Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14.

    Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19“, велат од Министерството за здравство.

    Со денешните 28 нови заболени вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 1259, од кои 272 излечени, 56 починати и 931 активен. По градови:

    -Скопје – 422

    -Куманово – 342

    -Дебар – 51

    -Штип-34

    -Прилеп –126

    -Тетово – 62

    -Струга – 55

    -Велес – 62

    -Битола –17

    -Охрид –15

    -Кавадарци – 4

    -Гостивар –13

    -Гевгелија – 4

    -Струмица – 2

    -Крива Паланка-4

    -Радовиш – 4

    -Крушево – 3

    -Кочани – 28

    -Пробиштип – 2

    -Кичево – 2

    -Неготино -2

    -Демир Хисар – 1

    -Македонски Брод -2

    -Пехчево- 1

    -Валандово -1