×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Два нови случаи на заболени и еден оздравен од КОВИД-19 во Куманово

    31.05.2020 12:26 | KumanovoNews

    Двајца заболени и еден оздравен од коронавирус е регистриран во изминатото деноноќие во кумановско.

    Два нови случаи на заболени и еден оздравен од КОВИД-19 во Куманово

    Во последните 24 часа регистрирани 62 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани – 1 и Валандово-1. Направени се 771 тестирања.

    Оздравени се 17 пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега, во рамките на скринингот се направени 3.723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на КОВИД-19.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ од КОВИД-19 почина 60-годишен пациент од Струга (примен во болницата на 22 мај). Евидентиран е пациент од Гостивар (64) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат, соопшти Министерството за здравство.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.

    Во „8 Септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, а со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти – позитивни и сомнителни на коронавирус.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава досега се 2.226, од кои оздравени се 1.552, починати се 133, а активни се 541.

    Последната дистрибуција по градови е следната:

    Скопје – 841, активни 267

    Куманово – 455, активни 45

    Дебар – 51, активни 0

    Штип – 76, активни 41

    Прилеп –211, активни 41

    Тетово – 210, активни 78

    Струга – 84, активни 14

    Велес – 130, активни 30

    Битола –28, активни 3

    Охрид –23, активни 6

    Кавадарци – 5, активни 0

    Гостивар –26, активни 6

    Гевгелија – 4, активни 0

    Струмица – 3, активни 1

    Крива Паланка- 6, активни 0

    Радовиш – 4, активни 0

    Крушево – 3, активни 0

    Кочани – 33, активни 2

    Пробиштип – 2, активни 0

    Кичево – 3, активни 1

    Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Демир Хисар – 1, активни 0

    Македонски Брод – 2, активни 0

    Пехчево- 3, активни 0

    Делчево-1, активни 0

    Валандово -2, активни 1

    Виница – 3, активни 1

    Кратово-2, активни 0

    Берово-1, активни 0

    Свети Николе-1, активни 1.

     Досега во земјата се направени вкупно 29.575 тестирања на КОВИД-19.