Два случаи на палање на отпад и гума на отворено регистрирале инспекциските служби
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и Општинскиот инспекторат во Куманово, вчера регистирале два случи на палење на отпад на отворено во Кумановско. Првиот случај е на дивата депонија во Агино село, а втората во населбата Тоде Мендол.

Во Агино село запален е комунален отпад измешан со отпадна гума, но не се знае кој го предизвикал пожарот. Бидејќи постоела опасност пожарот да се прошири на блиската шума повикана е против пожарна единица.
„Во Диво насеље затекнато е физичко лице како пали комунален и земјоделски отпад. Облакот од горење го прекриваше половина од градот Куманово. Во двата случаи направен е записник и ќе се постапува по предметот во инспекциска постапка согласно надлежноста“, соопштува ДИЖС.
Лицето кое што е затекнато на лице место не сакало да се идентификува, поради што случајот ќе биде предаден на МВР.