Дваесет нови случаи на ковид-19 во Куманово
Во Центраот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се нови 20 заболени од коронавирус.

На ниво на државата во последните 24 часа направени се 1297 тестирања, а регистрирани се 131 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 34, Куманово 20, Прилеп 8, Гостивар 12, Берово 6, Виница 6, Делчево 10 и Свети Николе 5.
Починати се 6 лица, еден пациент од Охрид (56), двајца пациенти од Скопје (63 и 80), двајца од Прилеп (78 и 54) и еден пациент од Штип (82).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент.
Досега во земјата се направени вкупно 147.002 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14293, бројката на оздравени пациенти е 11014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683.