Двајца кумановци добија награда од 100.000 денари на наградната игра „Мој ДДВ“
Ласте Петрински и Мица Пачковска од Куманово добија по 100.000 денари на вчерашното извлекување од наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“.

Вчеравечер беше третото извлекување со вредност од 100.000 денари, на кое беа извлечени 15 добитници, од кои по двајца се од Прилеп, Куманово и Штип, едн од Тетово, а останатите се од Скопје.
Натпреварувањата започнаа на 15 декември 2019 година.
Меѓу наградените од Куманово на 31.12.2019, 1.1.2020 и 2.1.2020 се: Шенаси Џељадини и Славица Јанчиќ со по 2000 денари, Павлина Димковскa, Ангела Јосковска и Арменд Адеми со награда од1000 денари.
За наградната игра што ја организира Министерството за финансии, граѓаните може да ги скенираат сите сметки, дури и оние на кои е изразено нула денари ДДВ. Наградниот фонд е половина милион евра, а се доделуваат 3852 парични награди на дневна и месечна основа и две главни награди.
На дневна основа се доделуваат четири награди по 1000 денари, три награди по 2000 денари и три награди по 3000 денари. Наградите се влечат електронски, известувањето се добива веднаш по скенирање на сметката. На месечно ниво предвидено е доделување на 15 награди по 100.000 денари а доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе биде на 18-ти март и 19-ти декември 2020 година.