Двајца кумановци измамени со фалсификувани банкноти од 100 евра
06.03.2024 14:41
| Теодора Стоевска
Двајца граѓани на Куманово вчера во полицијата пријавиле дека замениле банкноти од 100 евра, кои биле лажни.

„Ф. Д.(24) од Куманово прв пријавил дека пред продажен објект на патот Куманово – Свети Николе едно лице побарало да му размени банкнота од 100 евра, за која откако се посомневал дека е фалсификат пријавил во полицијата. Б.Т. (51) подоцна пријавил дека на истото место некој му побарал да му биде разменета банкнота од 100 евра, за кој исто така се покажало дека е лажна“, соопшти МВР
Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.