Мени

Двајца кумановци нападнале механичар со секира

25.08.2017 13:04 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од с.Ропаљце, општина Липково и А.Д.(40) од с.Черкези, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Двајца кумановци нападнале механичар со секира

Пријавените на трети овој месец, околу 16,30 часот, влегле во механичарска работилница во Куманово и Б.С. со рачка од секира почнал да го удира вработениот М.С.(20).

Во обид да избега кон улицата, на излез од гаражата,  со тупаница бил удрен во предел на главата од А.Д.