Двајца кумановци предизвикале пожар во објект на ЕВН во Куманово
20.09.2020 18:24
| KumanovoNews
Во СВР Куманово, синоќа во 21.45 часот било пријавено дека две лица предизвикале пожар, при што била опожарена влезната врата од објект на ЕВН на ул.„Тодор Велков“ во Куманово.

Пожарот е изгаснат од обезбедувањето на објектот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.