Двајца малолетници од Куманово повредени во сообраќајна несреќа
23.03.2022 17:43
| Жаклина Цветковска
Двајца малолетници од Куманово се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат Куманово-село Сопот, информираат од СВР Куманово.

До сообраќајката дошло при судир на товарно возило „мерцедес“, управувано од О.Л. (19) од Куманово и мопед, управуван од малолетник од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.
Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил и малолетниот сопатник од мопедот од село Горно Којнаре, кумановско.
Повредите биле констатирани во Општа болница во Куманово.
Извршен е и увид од увидна екипа од СВР Куманово.