Двајца малолетници повредени откако со мопед се судриле со „ауди“
10.04.2024 20:46
| KumanovoNews
Двајца малолетници се повредени откако со мопед се судриле со автомобил на регионалниот пат Куманово-Скопје, на влез во с.Черкези-кумановско

Сообраќајната несреќа се случила синоќа во 22.50 часот, помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано до 24-годишен жител од с. Љубодраг - кумановско, и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тромеѓа-кумановско.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.