×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца новозаболени и четворица оздравени од коронавирус во Куманово

    27.05.2020 12:08 | KumanovoNews

    Институтот за јавно здравје денеска регистрираше 2 нови случаи на заболени и четворица оздравени од коронавирус во Куманово.

    Двајца новозаболени и четворица оздравени од коронавирус во Куманово

    Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19: Скопје 14, Куманово 2, Штип 4, Прилеп 1, Тетово 2,  Струга 1 и Велес 1.

    На територија на државата, вкупно се регистрирани  17 оздравени пациенти: Скопје 11, Куманово 4, Тетово 1 и Велес 1.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58) и пациент од Скопје (47) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ  „8 септември“ почина пациент од Тетово (41) хоспитализиран на 19 мај.

    Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на КОВИД-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.