Двајца новозаболени од коронавирус во Куманово
Две лица од Куманово се позитивни на коронавирус од вкупно 94 во државата, во последните 24 часа.

Направени се 830 тестирања. По градови: Скопје 49, Куманово 2, Штип 8, Прилеп 1, Тетово 6, Струга 2, Гостивар 13, Кочани 2, Свети Николе 9 и Кичево 2.
Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 81604 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8623, бројката на оздравени пациенти е 4603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3619.