×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца новозаболени од коронавирус во Куманово

    24.04.2020 11:52 | KumanovoNews

    Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1, Виница- 1 и Неготино -1.

    Двајца новозаболени од коронавирус во Куманово

    Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје- 15, Прилеп- 6, Велес- 3, Кочани -2, Пробиштип-1 и Штип -7.

    На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на Клиниката од 21 април.

    Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1, Виница- 1 и Неготино -1. Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1326.

    По завршување на епидемилошките анкети, од вчерашната евиденција едно лице од Гостивар е жител на Тетово, а едно лице од Кичево е жител на Скопје. Согласно ова последната дистрибуција по градови е:

     Скопје – 451

     Куманово - 355

     Дебар – 51

     Штип-34

     Прилеп –131

     Тетово – 69

     Струга – 61

     Велес – 62

     Битола –18

     Охрид –15

     Кавадарци - 5

     Гостивар –14

     Гевгелија – 4

     Струмица – 2

     Крива Паланка-5

     Радовиш - 4

     Крушево – 3

     Кочани – 28

     Пробиштип – 2

     Кичево – 2

     Неготино -4

     Демир Хисар – 1

     Македонски Брод -2

     Пехчево- 1

     Валандово -1

     Виница - 1

    Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Преку ИЈЗ –233, преку Ветеринарен ф-тет -12, Авицена –15, Биотек –52, Филип Втори (Жан Митрев) –76, Систина со PCR метода -16 и МАНУ - 4. Досега во земјата се направени вкупно 14057 тестирања на ковид -19.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 3 пациенти, а хоспитализирани вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се 6, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се 6 пациенти, а 7 се на респираторна машина.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Штип болнички се лекуваат 3, а на домашно лекување уште 15 пациенти.