Двајца Пакистанци држеле во заложништво други 19 мигранти во Ваксинце
13.07.2020 18:37
| KumanovoNews
Две лица од Пакистан држеле во засложништво 19 мигранти во липковското село Ваксинце.

Кумановската полиција денеска по претходно добиени сознанија дека во објект во с.Ваксинце две лица – мигранти држеле поголема група на мигранти во заложништво, презеде мерки и активности, при што во напуштен објект се пронајдени 21 лице – мигранти.
Двајацата сторители од Пакистан се лишени од слобода заедно со уште 19 оштетени лица – мигранти.
Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.