Двајца починати, 16 новозаболени од коронавирус во земјава
29.03.2020 11:14
| KumanovoNews
Две лица починаа, а 16 нови случаи на коронавирус во земјата се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Починатите се двајца мажи на возраст од 31 и 91 година, двајцата од Скопје.
Кај помладиот пациент еден ризик фактор е обезноста (дебелина, н.з.) која што тој ја имал. Вчера наеднаш му се влошила состојбата и тој влегол најтешката форма на болест со внатрешно крварење, распад на белите дробови.
Вкупната бројка на заболени во земјава се 257. Досега од коронавирус во земјава се починати 6 лица.