Двајца починати, 35 новозаболени и 38 оздравени од коронавирус во Куманово
Во последните 24 часа се регистрирани 613 нови случаи на ковид-19 од направени 1.837 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Новите случаи на ковид-19 се во: Скопје-204, Куманово-35, Дебар-15, Штип-20, Прилеп-27, Тетово-29, Струга-19, Велес-24, Битола-23, Охрид-27, Кавадарци-38, Гостивар-24, Гевгелија-19, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-11, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-12, Валандово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-7, Неготино-15.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 25 починати лица, од кои осум пациенти од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71), двајца од Куманово (86 и 87), еден од Прилеп (77), двајца од Велес (68 и 61), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57), еден од Кавадарци (68), тројца од Гостивар (60, 75 и 59), еден од Гевгелија (71), еден од Струмица (47), еден од Радовиш (53), еден од Свети Николе (75) и еден пациент од Ресен (84). Од нив, 23-ца се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 688 оздравени пациенти од:Скопје 251, Куманово 38, Дебар 3, Штип 39, Прилеп 45, Тетово 41, Струга 18, Велес 29, Крива Паланка 4, Битола 43, Охрид 28, Кавадарци 26, Гостивар 32...
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.638, бројката на оздравени пациенти е 49.414, на починати е 2.121, а бројот на активни случаи изнесува 22.103.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 31757, активни 11369
• Куманово 4268, активни 658
• Крива Паланка 526, активни 128
• Кратово 172, активни 27.