×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца починати и 13 новозаболени од коронавирус во Куманово и Липково

    25.07.2020 12:52 | KumanovoNews

     Во Центарот за јавно здравје во Куманово во изминатото деноноќие регистирани се 13 новозаболени од коронавирус. Од нив 11 се од Куманово и двајца од Липково. Починати се двајца пациенти на 92-годишна возраст од Куманово и 75 годишен маж од Слупчане, липковско.

    Двајца починати и 13 новозаболени од коронавирус во Куманово и Липково

    Според директорот Ариф Љатифи,  заболените главно се од познати кластери.

    „Засега состојбата е под контрола и да се надеваме дека така ќе остане. Денеска се тестирани 28 граѓани со контролен тест и 9 на мој термин“, - вели Љатифи.

    Во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во земјата. По градови во: Скопје 60, Куманово 13, Дебар 5, Штип 16, Прилеп 3, Тетово 7, Струга 1, Велес 3, Битола 5, Охрид 1, Гостивар 11, Кочани 1, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Виница 1, Свети Николе 3 и Кичево 5.

    Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга и двајца од Гостивар.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти.

    Досега во земјата се направени вкупно 94092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9934, бројката на оздравени пациенти е 5357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.